Каевски: Во Брисел се потврди: единствен кочничар е анти ЕУ коалицијата на ДПМНЕ и Левица

Од:

Вчера во Брисел се потврди: единствен кочничар на европскиот пат е анти ЕУ коалицијата на ДПМНЕ и Левица.Иако целосо успешно го завршивме процес на скрининг во изминатата година и половина иако постои подготвеност за проширување на ЕУ, иако нема нови услови за нас, вели пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски.

– Поради блокадата на ДПМНЕ и Левица во македонското Собрание земјава не го продолжи отворањето на поглавјата. Можеше нашата татковина и сите нејзини граѓани да бидат најголеми победници, да продолжиме со отворање на поглавјата од сите кластери од преговорите со ЕУ. Христијан Мицкоски по кој знае кој пат ги стави своите лични лични интереси пред интересите на македонскиот народ и граѓаните кои живеат во Македонија. Oд партија поддржувач на евроатлантските интеграции Мицкоски ја претвори ДПМНЕ во најголем кочничар на нашите интеграции. Покрај деструкциите на Мицкоски и на ДПМНЕ натамошна поддршка од европските лидери за трасираниот пат на Македонија кон Унијата е силна. Тоа е многу јасно наведено и во заклучоците на ЕУ, рече Каевски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените