Каевски: ВМРО-ДПМНЕ не сака да функционираат комисиите и Собранието

Од:

ВМРО-ДПМНЕ сака хаосот во Собранието да продолжи, да не работата комисиите, сака сите закони, кои што се носат за граѓаните да бидат запрени, да не се носат, порача при реплика од собраниската говорница, пратеникот на СДСМ Дарко Каевски.

Тој нагласи дека опозицијата од друга страна продава лицемерие и наводна загриженост за граѓаните и зборува за криминал.

– Велите криминал, нели ви е срам да зборувате за криминал, кога пред месец дена раководството на ВМРО-ДПМНЕ, од ваше време, призна дека правело криминал, сте краделе пари, како политичка партија сте манипулирале со избори, сте правеле најголеми злоупотреби, тоа го признаа поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, признаваат дека го направиле најголемиот криминал, нагласи Каевски.

Тој наведе дека подолго време се настојува да се најде заеднички јазик со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, но единствено се добива непочитување и продолжување на кочници во собранието, неработење на комисиите.

– Чесно излезете од говорницата и кажете им на граѓаните: Не сакаме да функционираат комисиите, не сакаме да се носат закони кои се во интерес на граѓаните, ги повика пратеникот на СДСМ Дарко Каевски, пратениците од опозицијата во Собранието.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот