Каевски: Владата предводена од СДСМ ја решава енергетската криза и го штити стандардот на граѓаните

Од:

Владата предводена од СДСМ и надлежните институции преземаат серија чекори за надминување на енергетската криза и заштита на стандардот на граѓаните. Од утре, АД ЕСМ го презема управувањето со БЕГ и топлана „Скопје Север“ со што ќе се реши кризата со топлинска енергија, а граѓаните на Скопје до крајот на грејната сезона ќе имаат парно греење до 1 часот по полноќ рече на прес конференција пратеникот на СДСМ Дарко Каевски.

– Преземен е и првиот конкретен чекор за заштита на стандардот на граѓаните од покачените цени на енергенсите. Со 60 милиони денари ќе се субвенционираат месечните трошоци за струја на 7.500 семејства. Во моментов Владата предводена од СДСМ работи на нови мерки кои ќе значат директна финансиска помош за граѓаните и стопанството за справување со последиците од повисоката цена на струјата. Од друга страна јавноста гледа штетно и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници. Наместо конкретни мерки и решенија за помош на граѓаните, Данела Арсовска ги игнорира барањата на скопјани и се прогласува за ненадлежна од страна на ВМРО-ДПМНЕ гледаме единство лажни вести, блокади и неосновани обвинувања, вели Каевски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар