Каевски: Со новата програма имаме План за европска иднина на Македонија

Од:

СДСМ има јасен, конкретен и издржан план за иднината кој е преточен во нашата нова изборна програма. Планот за европска иднина на Македониј има 10 клучни столба вели портпаролот на СДСМ Дарко Каевски.

1. Европски плати и животен стандард. Во наредните четири години просечната плата ќе ја зголемиме на рекордни 1.100 евра а минималната плата на 600 евра. 2. достоинствен живот за пензионерите. Во 2028 година минималната пензија ќе биде 20.000 денари, а просечната пензија 30.000 денари или 500 евра. Дополнително предвидуваме мерка- новогодишен пакет од 100 евра за секој пензионер во државата. 3. Поддржка за младите. Новата влада на СДСМ ќе обезбеди по 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години. 4. Силна домашна економија. 180 милиони евра директна финансиска поддршка на домашните компании за инвестиции во производство. Како поттик на економскиот раст, СДСМ предвидува 3,5 милијарди евра јавни капитални инвестиции. 5. Модерна европска инфрасктруктура. Во наредните четири години ќе инвестираме 2,7 милијарди евра во инфраструктурни проекти. Тоа се 194 километри изградени автопатишта до 2028 година и реконструирани 950 километри патишта. 6.Европско земјоделство. Обезбедуваме уште поголеми субвенции и поддршка за нашите земјоделци од 750 милиони евра.7. Европско образование. Гарантираме безбедност и сигурност за учениците. Еден од проектите е бесплатен топол оброк за учениците во основните и средните училишта. Бесплатен јавен превоз за сите ученици и студенти. Децата се нашата иднина. *. Чиста енергија и евртина струја. Предвидуваме зголемување на вкупното домашно производство на енергија за најмалку 70% до 2028 во однос на 2019 година. 9. Повеќе ЕУ фондови за македонската економија о 10 завршување на преговорите со ЕУ до 2028 и членство до 2030 година, рече Каевски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он