Каевски: Сите услови се исполнети за Мицкоски и ДПМНЕ да дадат поддршка за уставните измени

Од:

Со оставките на министрите од ДУИ, што ќе стапат на сила веднаш по усвојувањето на уставните измени, исполнети се сите услови на Христијан Мицкоски што самиот тој ги постави за неговата партија да поддржи уставни измени. Мицкоски и ДПМНЕ можат веднаш да станат дел од Влада во која нема да учествува ДУИ, а потоа и да се организираат предвремени избори рече на прес конференција портпаролот и пратеник на СДСМ Дарко Каевски.

– Се што треба ДПМНЕ и Мицкоски да направат е да се вклучат во процесот и да дадат поддршка за уставните измени. Во спротивно, ќе покажат дека се несериозни неодговорни пред сопствениот народ и пред иднината на државата. Наспроти лагите на Мицкоски и ДПМНЕ, македонскиот јазик, идентитет, култура и посебност, денес се меѓународно заштитени и потврдени. Доказ за тоа е Предлог Резолуцијата во Сенатот на САД, како и претходно усвоената Резолуција од германскиот парламент. Сега е време за нов, сериозен исчекор и забрзување на процесот на преговори со крајна цел – полноправно членство во ЕУ до 2030 година. Се друго е дејствување спротивно на врвните државни и национални интереси, вели КЛаевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он