Каевски: Сите општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ се во стагнација

Од:

Неспособност, хаос и партизација, тоа е заедничко за речиси сите општини предводени од градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е најизразено во Скопје, кој денес е блокиран град без функционални претпријатија и градска администрација рече на пресконференција пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски.

– По само една година власт, катастрофална е состојбата и во други општини предводени од кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Прилеп. Штип, Велес, Охрид, Радовиш, Виница се само дел од општините каде комуналните давачки се сериозно зголемени. Овие, но и други општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ трошат милиони денари во сред криза за привремени вработувања и партизација на општините. Општина Гевгелија е задолжена за 50 милиони денари, а долгот на општина Радовиш е зголемен за нови 800.000 евра. ВМРО-ДПМНЕ постојано докажува дека е најнеспособната локална и градска власт, за една година ги заглави општините како што претходно 11 години ја имаше заглавено државата рече Каевски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените