Каевски: СДСМ создава подобри услови за младите

Од:

СДСМ, заедно со СДММ креира и реализира мерки и политики за зголемување на студентскиот стандард и обезбедување на подобри услови за живот на младите во државата.Во таа насока се и измените и дополнувања на законот за субвенциониран студентски оброк, усвоени во Собранието, по поднесена иницијатива од Социјалдемократската младина на Македонија рече на прес конференција пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски.

„Мерката опфаќа околу 40.000 активни студенти, кои на почетокот на секој месец на сметка ќе добијат средства за субвенционирани оброци. Министерството за образование и наука ќе врши исплата од околу 15 милиони евра директно на трансакциските сметки на корисниците. Измените овозможуваат корисникот на субвенционираниот оброк да може го оствари своето право кај секој еден трговец. Со ова се олеснува секојдневието на студентите, ќе се подобри студентскиот стандард, ќе се зголеми нивната финансиска стабилност и секој студент ќе може да го оствари своето право на здрав и квалитетен оброк во своето место на живеење“ – рече Каевски.

.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски