Каевски: СДСМ ги штити националните интереси, ВМРО-ДПМНЕ прави штета со Бугарија

Од:

Владата предводена од СДСМ е посветена на заштита на државните и националните интереси. Во решавањето на прашањата со Бугарија, Владата,
инистуциите, не отстапуваат од црвените линии кои се дефинирани со Резолуцијата усвоена во Собранието од страна на пратениците од сите политички партии рече на прес конференција портпаролот на СДСм Дарко Каевски.

За македонскиот јазик, за македонскиот идентитет, за македонската историја и посебност, нема и нема да има никакви преговори. Од друга страна целата домашна и меѓународна јавност сведочи на деструктивното постапување на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Во период кога се решава евроинтеграцискиот процес на државата, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги засилија лажните вести и деструктивните постапки. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дрско лажеа дека ќе се избрише македонскиот јазик, дека народот ќе биде асимилиран, а државата ќе се бугаризира. Тоа е срамно, неодговорно и недозволиво однесување на Мицкоски и ВРМО-ДПМНЕ со што нанесуваат штета на државните позиции и националните интереси. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мораат да покажат одговорност и да престанат да одработуваат за туѓи интереси. Граѓаните, државата, не заслужуваат најголемата опозициска партија да им нанесува штета само заради задоволување на лични и партиски интереси. Време е Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните, а потоа да престанат со штетното делување по државните и националните интереси рече Каевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски