Каевски: Лидерската ќе покаже дали Мицкоски е за ЕУ или ќе го следи патот на Груевски

Од:

По 17 години чекање, нашата држава ги започна преговорите за членство во ЕУ, го спроведува успешно скрининг процесот кој наскоро ќе финишира. Имаме историска шанса, со силна поддршка од ЕУ и САД, да го продолжиме европскиот пат и да реализираме уште една стратешка цел: полноправно членство во ЕУ, рече на прес конференција портапаролот и пратеник на СДСМ Дарко Каевски.

– Одговорност пред граѓаните и иднината на земјата имаат сите 120 пратеници и политичките партии, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ. Изборот е интеграција во ЕУ или изолација. Нема друга опција ниту шанса да добиеме подобар договор од овој што го имаме. А, видоа граѓаните како изгледа изолација од 2006 до 2016 година, заробена држава без перспектива, режим, уназадена земјата која не напредува. Христијан Мицкоски стои пред одлука: дали ќе ја поддржи македонската иднина во ЕУ или ќе го следи патот на неговиот претходник Никола Груевски. Груевски 11 години го блокираше евро-интеграцискиот пат на Македонија кон ЕУ за на крај да избега од државата соочен со одговорност за криминалот, вели Каевски.

Каевски вели дека Мицкоски молчи за неговата одлука, но дека лидерската средба ќе покаже дали лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е за блокот на ЕУ или за антиевропскиот блок на Левица.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Наметнатиот билатерален спор нема да ја запре европската агенда

Мицкоски: Приоритет ни се реформите и проектите, не изборите

(ВИДЕО) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на големи и крупни чекори

Мицкоски за Божик: Силата на државата започнува од домот, да градиме иднина за нашите деца

А1он

Мицкоски ја поддржува, ама и не ја поддржува акција на САД, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства затоа што бил на македонски јазик, вели Мицкоски