Каевски: Поткопани се државните позиции во однос на Бугарија од страна на Христијан Мицкоски

Од:

Поткопани се државните по,зиции на Република Северна Македонија од страна на Христијан Мицкоски. На Конгрес на Европската народна партија каде што учествувал и Христијан Мицкоски, усвена е Резолуција која во еден дел го поткрепува ставот на Бугарија, изјави на денешната прес-конференција Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Тој наведе дека Мицкоски, кој присустваше на Конгресот на којшто е усвоен овој документ, воопшто не реагирал за овој дел од Резолуцијата со ставови на Бугарија. Наместо да ги брани државните позиции утврдени и со Резолуција во македонското Собрание, Христијан Мицкоски ги поткопа во клучни моменти. Додека дома блокира сè што е во интерес на граѓаните, Христијан Мицкоски надвор ги поткопува државните позиции.

СДСМ го повикува лажниот патриот Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори зошто ова ѝ го прави на сопствената земја, на сопствениот народ?

За толку важно прашање, ваков недржавнички чекор презема само очаен човек.

Ова е срамен, неодговорен однос на Мицкоски кон сопствената држава и наместо да молчи Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да објасни зошто, изјави Каевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби