Каевски: Најголеми лаги на Мицкоски во 2022 година, лага 2: Нема да почнеме преговори со ЕУ

Од:

Христијан Мицкоски, заложникот на Димитар Апасиев се што правеше во оваа 2022 година беа лаги и деструкции. Во годината во која започнавме преговори со ЕУ ќе остане запаметено дека Мицкоски се што кажа излажа рече на прес конференција пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски.

– Втора најголема лага на Мицкоски во 2022 е тоа дека нема да започнеме преговорите со ЕУ. „Македонија нема ниту скрининг ниту почеток на преговори со ЕУ“ „Албанија ќе преговара а ние ќе седиме во чекалната“ Ова беа зборовите, ова беа лагите на Мицкоски кој тврдеше дека преговорите за членство во ЕУ е недостижна цел. Но и оваа лага на Мицкоски многу бргу потона. Започнавме преговори со ЕУ на 19 јули. Скринингот е веќе во тек, и што е уште поважно започнавме преговори со заштитен македонски јазик и идениттет. На првата Меѓувладина конференција, тоа беше соопштено јасно и недвосмислено во Брисел, од страна на високи европски претставници. Ќе остане запаметено дека Мицкоски и неговите пратеници со сите сили се противеа на усвојувањето на европскиот предлог кој обезбеди почеток на преговорите со ЕУ, после 17 години минати во чекалната вели Каевски.

Би можело да ве интересира

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Мицкоски: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Мицкоски чека одговор од студентите за владиниот предлог за студентски оброк

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски