Каевски: Мицкоски не може да убеди сестрински партии за Резолуција а не па за нов договор,

Од:

Резолуцијата на Бундестагот потврди дека вистинските државнички политики на СДСМ и Ковачевски даваат резултат Благодарение на овие државнички политики на СДСМ имаме силна меѓународна поддршка за членството во ЕУ и признаен македонски јазик, идентитет, посебност и култура рече на прес конференција пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски.

– Лагите на ДПМНЕ и Левица за наводна бугаризација, асимилација, дека ќе сме го изгубеле идентитетот и што ли уште не повторно се потопени. Освен хистеријата и блокадите, Мицкоски и ДПМНЕ немаат ништо, буквално ништо направено ниту за државата, ниту за македонскиот иденитет. Мицкоски е единствениот кој не лобирал за Резолуцијата во германскиот Бундестаг. Тој не може ништо да издејствува позитивно за земјата, за граѓаните, ниту за македонскиот народ. Тоа е истиот Мицкоски кој јавно зборува дека е можно да се смени преговарачката рамка, кој вели дека може да издејствува подобар договор. Ете колку може. Мицкоски не може да убеди сестринските партии да ја поддржат Резолуцијата за македонскиот идентитет во германскиот Бундестаг а не нешто повеќе, рече Каевски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Филипче е во состојба да продаде се само за да стигне до фотелја

А1он

Цената на струјата останува иста до крајот на годината

(ВИДЕО) Мицкоски: Направен е упад и киднапирано е лице кое е бегалец од правдата, ова нема вака да заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Апасиев донесе слика од премиерот и неговиот баџанак и го праша за бизнисите, Мицкоски му рече дека е кукавица

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија не е добиена на подарок, време е конечно да имаме големи цели

Катерина Ѓуровски