Каевски: ЕУ отвора врата за ново проширување во 2030 година, мора да ги поразиме блокадите на ДПМНЕ

Од:

Официјални претставници на Европската унија, на Бледскиот стратешки форум, испратија силен политички сигнал за ново проширување на Унијата во 2030 година. Ова се случува првпат после претходното проширување, со јасна временска одредница вели портпаролот и пратеник на СДСМ Дарко Каевски.

– 2030 година како можен датум за следното проширување на Унијата покажува дека тоа е временска рамка којашто и Владата предводена од СДСМ го постави како цел. Обидите за блокади на ДПМНЕ не смееме да дозволиме да се случат. Не смееме самите да се блокираме на патот кон ЕУ. Затоа е потребно е да донесеме важни, државнички одлуки за промена на уставот и да продолжиме без натамошни пречки во ЕУ. Не се точни, односно лажни се тезите на ДПМНЕ и Мицкоски дека ќе имало нови барања за нови промени на уставот. Јасно е се дефинирано во преговарачката рамка, со одлуката за уставните измени ние го продолжуваме европскиот пат а тоа е потврдено од сите 27 земји членки на ЕУ рече на прес конференција Каевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира

ВМРО-ДПМНЕ денеска треба да го соопшти кандидатот за градоначалник на Скопје

(ВИДЕО) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Катерина Ѓуровски