Каевски: ДПМНЕ излажа за потписите за Силјановска

Од:

ДПМНЕ излажа за потписите на Силјановска, ниту ДПМНЕ, ниту Гордана Силјановска немаат поддршка од граѓаните. Како што ДПМНЕ ги лажира анкетите така се обиде да ги лажира и потписите за Силјановска, но не успеа вели пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски.

– ДПМНЕ не успеа да собере валидни, законски потписи за својата кандидатка и кандидатурата во ДИК ја поднесе со потписи на пратеници, а не со потписи од граѓани. И што е најлошо повторно ги излажаа граѓаните. Зад кандидатурата на Стево Пендаровски застанаа 22.449 граѓани а зад Гордана Силјановска само 40 пратеници од ДПМНЕ. Паднаа во вода лагите на ДПМНЕ, паднаа во вода помпезните прес конференции дека за неколку часа биле собрани потписи, дека повеќе биле собрани. Нема никаква промена во ДПМНЕ. Ниту ДПМНЕ, ниту Силјановска не можат да донесат промени на подобро. Граѓаните не сакаат враќање назад и изолација, не се спремни да поддржат антиевропски политичари. На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник, на граѓаните не им треба реприза на Иванов, вели Каевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Време е да се однесуваме кон државата како кон заеднички дом

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус, прашува Мрежата за заштита од дискриминација

Катерина Ѓуровски

Средба на Сиљановска-Давкова со Урсула фон дер Лaјен