Каевски: ДПМНЕ го врати речникот од 27 април со нападите врз Пендаровски

Од:

Со ниските напади и закани кон Стево Пендаровски дека требало да се исели подалеку од Македонија ДПМНЕ го врати речникот од 27 април. Во недостаток на план и програма, во паника од пораз на изборите, ДПМНЕ преминаа во лични дискредитации и отворени закани кон граѓанскиот кандидат Стево Пендаровски вели портпаролот и пратеник на СДСМ Дарко Каевски.

– Ништо не е променто во ДПМНЕ, тоа е истата партија од минатото. ДПМНЕ е режимска партија, која сее раздор, навреди, омалавувања и закани кон сите неистомисленици. Партија која нема што друго да им понуди на граѓаните, освен изолација, блокади, враќање назад во мрачното минато. На реториката од 27 ми април не и е местото во кампањата и граѓаните тоа ќе го казнат на изборите. Граѓаните ќе изберат проевропски претседател, Стево Пендаровски кој заедно со проевропска Влада формирана од СДСМ ќе ја внесат земјата во ЕУ, рече Каевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски