Каевски: Долгови, партиски вработувања и поскапи услуги за граѓаните, тоа е резултатот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Повеќе од една и пол година измина од мандатот на над 40 градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ а граѓаните од нив не видоа реализација на ниту еден важен проект. Но затоа има задолжување на општините, партизација и поскапи комунални услуги за граѓаните. Штип, Велес, Прилеп, Охрид се само дел од општините предводени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ кои драстично ги поскапеа услугите за граѓаните рече на прес конференција пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски.

– Охрид и Прилеп се и едни од најзадолжените општини кои должат шест, односно близу два милиони евра. И додека Општина Прилеп должи пари, тамошното јавно комунално претпријатие Комуналец, распишува тендер за привремени вработувања вреден речиси 400.000 евра за да вдоми партиски кадри. За времени вработувања Општина Бутел троши над 280.000 евра, Општина Гази Баба над 220.000 евра, пет милиони денари троши општина Аеродром за истата намена, а милиони денари за вработувања трошат и општините Кочани, Илинден, Велес… сите раководени од ВМРО-ДПМНЕ. Посебна приказна за неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ е Градот Скопје кој има долг од три милиони евра, но има и блокирана сметка и се ближи кон целосен банкрот. Најголемата единица на локалната самоуправа со убедливо најголем буџет од 100 милиони евра, Скопје, ВМРО-ДПМНЕ го доведе до состојба на нефункционалност и пред банкрот вели Каевски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените