Кадровски смени во општинските институции во Македонска Каменица

Од:

Во Јавното претпријатие „Камена Река“ и образовните институции во Македонска Каменица се поставени нови в.д директори.

За в.д. директор на Јавното претпријатие „Камена Река“ е именуван Влатко Андоновски, на Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ е Марија Гошевска, а за в.д. директор на СОУ „Миле Јаневски-Џингар“ Круме Стојановски.

Градоначалничката Соња Стаменкова истакна дека од новите раководители очекува посветена работа.

– Од новите раководители во нашите училишта очекувам дека ќе работат посветено и дека значително ќе придонесат за унапредување на воспитно-образовниот процес на локално ниво. Успесите на нашите ученици се врвен приоритет и заедно со новите директори на училиштата ќе се потрудиме да создадеме подобри услови за поквалитетна настава. Од раководителот на Јавното претпријатие, очекувам да го подобри функционирањето и ефективноста и да придонесе „Камена Река“ да биде вистински услужен центар за граѓните, рече Стаменкова.

Наскоро нови раководни лица се најавуваат и во останатите општински институции и установи – ЈОУДГ „Бамби“, КИЦ „Романса“ и ЈП „Доминг“.

Би можело да ве интересира

Македонска Каменица прогласи тридневна жалост поради смртта на сограѓанка

А1он

СДСМ го освојува градоначалничкото место со минимална предност пред ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица

Атанасовски: Пожарот во селата Цера и Пресека повторно надвор од целосна контрола

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он

Од понеделник во училиштата во Македонска Каменица ќе се интонира државната химна

Загина моторциклист во близина на Македонска Каменица