Кацарска – Спано: Потребна поширока и систематска примена на јуриспруденцијата на ЕСЧП во праксата на Уставниот суд

Од:

Во рамки на Конференцијата „Ефикасен поврат на имот во согласност со европските стандарди“, која се одржува во Скопје, се одржа заедничка работна средба на претседателот на Европскиот суд за човекови права, Роберт Спано со претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска.

Како што соопштија од Уставен суд, на средбата присуствуваа и Јован Илиевски, судија во ЕСЧП, Абел Кампос, заменик регистрар на ЕСЧП, Агим Нухиу, заменик министер за правда и претставници на други институции, како што се Јавното обвинителство, Судскиот совет, Советот на јавни обвинители, Бирото за застапување на Република Северна Македонија пред ЕСЧП и на Академијата за судии и јавни обвинители.

По завршувањето на оваа средба, посебна средба одржаа претседателката на Уставниот суд, Кацарска и претседателот на Европскиот суд за човекови права, Роберт Спано, на која беше презентирана работата и надлежностите на Судот, а посебен акцент беше ставен на заштитата на слободите и правата пред Уставниот суд.
-Беше разговарано за можноста за овозможување поголем број правни субјекти да може да бараат уставно-судска заштита, нешто што произлегува од генералната обврска на секоја држава да ги штити слободите и правата на сите лица кои се наоѓаат на нејзина територија. Исто така, од двата соговорника беше изразена согласност за важноста за поширока и систематска примена на јуриспруденцијата на Европскиот суд во праксата на Уставниот суд, се наведува во соопштението.
Претседателот на Европскиот суд за човекови права, Спано, се додава, на крајот на средбата упатил лична покана до претседателката на Уставниот суд, Кацарска, како и до сите судии, за остварување работна посета на ЕСЧП, на која подетално би се разговарало за темите за кои станало збор на денешната средба.

Би можело да ве интересира

Kацарска: Волјата на владеењето на правото е посилна од сите системско политички аномалии

УПОЗ ги повика Кацарска и Бесими да најдат решение за платите за вработените во Финансии

Кацарска: Одржани рекорден број седници и примени 210 иницијативи

Кацарска: Не очекувам предметот за солидарниот данок да биде готов до крајот на годината, дотогаш тој треба да се плаќа

Орце Костов

Кацарска говорник на 60-годишнината од уставното судство на Србија

Катерина Ѓуровски

Кацарска: Не се согласувам со вакви измени на Кривичниот законик