Кацарска со писмо до Џафери бара Собранието побрзо да ги избере новите уставни судии

Од:

Ви се обраќам во мое лично име и во име на судиите на Уставниот суд за прашање коешто е во интерес на сите граѓани кои очекуваат владеењето на правото да биде врвен приоритет во општеството. Уставот ја дефинира Република Северна Македонија како парламентарна демократија во којашто поделбата на државната власт е темелен принцип, а Уставниот суд како орган на Републиката ја штити уставноста, законитоста и човековите слободи и права вели претедателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска во дописот до претаедателот на Собранието Талат Џафери.

– Од тие причини, Ви се обраќам да Ве информирам за ситуацијата во која се наоѓа Уставниот суд и неговото отежнато функционирање во последниот период со само петмина судии, иако Уставот предвидува полниот состав на Судот да биде со девет судии. Ова има влијание при одлучувањето кога често се случува предлогот да не го добие потребното мнозинство, поради што во моментот за 16 предмети не може да се донесе одлука поради недоволно мнозинство. Покрај ова, морам да напоменам дека пред Судот треба да се разгледуваат предмети кои се од врвен интерес за државата, а за кои е потребно да се одлучува во полн состав со што одлуките би имале поголема тежина. Верувам дека сте информиран за оваа ситуација и се надевам дека веќе се бара решение за избор на нови четворица уставни судии. Затоа, Ви се обраќам лично да го заложите Вашиот авторитет како претседател на Собранието и заедно со Вашите колеги да изберете нови уставни судии. На крај, дозволете ми да изразам надеж дека Вие и пратениците непосредно избрани од граѓаните, ќе се вложите максимално за процесот на предлагање и избор на судии да се заврши што поскоро со што би се зачувала функционалноста на Уставниот суд, вели Кацарска во писмото до Џафери.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Се гледа крајот на Трпков и Кацарска судството помогнати од партиските слуги како Коцевски и Русковска

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Судство составено од Трпков и Кацарска, е рамно на неправда и криминал еднаков на ДУИ и СДС

Горан Наумовски

Левица: По иницијатива на Левица Антикорупциска го казни Таљат Џафери

Јавна расправа на Уставен: Апасиев обвинува за политичка дискриминација, Џафери тврди дека станува збор само за пропуштен рок

Катерина Ѓуровски

Уставен за иницијативата за пензионирање на Кацарска: Не престанува функцијата на уставен судија по основ на старосна

Катерина Ѓуровски

Собранието потврди дека стасало известување за пензионирање на уставната судијка Добрила Кацарска