Кацарска: Пратениците се неодговорни кон уставните обврски, затоа сме без една третина од судиите

Од:

Темата со неизбирањето на судиите сẻ уште е сериозен проблем за Уставниот суд, но и дамка за угледот на државата, само затоа што пратениците се неодговорни спрема уставните обврски рече претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска на прес конфренцијата посветена на работата на Судот во 2022 година.

„Оставаме зад нас една година полна со неизвесност и oтежнато функционирање на Уставниот суд во вршењето на неговите надлежности но и година на посветеност, макотрпна работа и домаќинско менаџирање на Судот, како резултат на несебичниот ангажман на судиите и сите вработени. Темата со неизбирањето на судиите сẻ уште е сериозен проблем за Уставниот суд, но и дамка за угледот на државата, само затоа што пратениците се неодговорни спрема уставните обврски“ рече Кацарска.

Таа напомена дека „беа избрани двајца нови судии кон крајот на октомври, еден се пензионираше во декември, што значи во овој момент недостасува една третина од вкупно предвидениот број на судии во Уставниот суд и како последица на ова се повторува непосакуваниот исход, се соочуваме со состојба да остануваат предмети кои не добиваат мнозинство гласови, а следствено на тоа Уставниот суд не може во целост да ја оствари својата улога. Имено, во моментот не е одлучено по 24 предмети токму поради недобиеното мнозинство гласови, но има и суштински важни предмети за граѓаните и за државата за кои е есенцијална дискусијата од сите девет судии, со што ќе се придонесе кон поквалитетна одлука“.

„Иако цели девет месеци Судот беше оставен на раб на функционирање, ние петмина судии, заедно со советничките тимови на свои плеќи го понесовме товарот како да тука работат девет судии. И во вакви специфични услови Уставниот суд одржа вкупно 42 седници, што во изминатите 13 години не било случај. Толкав број на седници последен пат имало во 2009 година, но ќе потенцирам дека тогаш Судот работел во полн состав од 9 судии“ изјави таа.

Кацарска подвлече дека „овој состав, за разлика од многу претходни состави кои функционирале без недостаток на судии, успеа за прв пат од основањето на Уставниот суд да донесе два многу важни стратешки документа. Првиот суштествен документ е Програмата за работа, за која имаше забелешка во последниот извештај на државниот ревизор дека не е донесена и вториот документ е Стратешкиот план кој ќе се реализира во следните три години и кој ги содржи основните насоки коишто ќе ги следи Уставниот суд. Во овој стратешки план се претставени контурите за внатрешната реформа на Судот, но ќе повторам реформите се условени од комплетниот состав на Уставниот суд“.

„Уставниот суд годинава оформи 133 предмети заклучно со денеска, од кои седум се барања за заштита на слободи и права, а со останатите 126 во најголем дел се бара преиспитување на уставноста и законитоста на акти и во два случаја се бара оценување на уставноста на програми и статут на здруженија на граѓани“ рече претседателката на судот.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Уставниот суд уште поактивно да се профилира како заштитник на човековите права и слободи

Kацарска: Волјата на владеењето на правото е посилна од сите системско политички аномалии

Судски совет ги оспори пред Уставен суд законските измени со кои се стопираше зголемувањето на платите на судиите

Уставен суд го укина делот „националност“ во Законот за матична евиденција

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд одлучи: Вработените во Финасии нема да добиваат 30 отсто повисоки плати и нема да ги вратат паричните средства што претходно ги добиле

Пет иницијативи доставени до Уставниот суд за личните карти, возачките дозволи и пасошите