Кацарска: Одржани рекорден број седници и примени 210 иницијативи

Од:

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска одржа годишна прес-конференција на која ги изнесе заклучоците од работењето на Судот во текот на 2023 година и истакна дека покрај непополнетиот состав на Судот, одржани се рекорден број на седници, што како што рече, не било случај во последните 22 години.

Кацарска соопшти дека до денеска во Уставниот суд се примени 210 иницијативи и оваа бројка, вели таа, отскокнува од просекот во изминатите 5 години кој се движи меѓу 130-170, ако се исклучи 2020-та година кога поради Ковид-пандемијата беа оспорени стотици Уредби на Владата кои што се однесуваа на преземените мерки.

-Оваа бројка од 210 нови иницијативи и уште 7 барања за заштита на слободи и права е векторот што нам ни носи информација дека граѓаните се сѐ повеќе информирани за Уставниот суд и стануваат свесни за неговата улога и значење во нашиот правен поредок. Најголемиот број од иницијативите или околу 60 % се пристигнати токму од граѓани од целата држава, или уште попрецизно, имаме примено 127 иницијативи од граѓаните. Петнаесет предмети се оформени по иницијатива на различни општини, седум предмети се иницирани од политички партии, а осумнаесет се на иницијатива на здруженија на граѓани, соопшти Кацарска.

Посочи дека еден од заклучоците оваа година е воведувањето на уставна жалба за граѓаните. Упати апел до политичарите и политичките партии да им овозможат на граѓаните за сите слободи и права да се обратат до Уставниот суд, наместо правдата да ја бараат во Стразбур, нешто коешто, како што рече, ја чини државата и даночните обврзници парични средства, како и нарушен углед.

Оваа тема, вели Кацарска, нѐ седна на заедничка маса за дискусија со невладиниот сектор, со претставници на меѓународни организации и претставници на академската заедница и заклучокот е дека постои реална потреба од воведување на уставна жалба во Македонија.

-Граѓаните ќе ги препознаат заложбите, затоа што уставна жалба значи дека секој да ги ужива сите права од Уставот и да бара да му се заштитат пред Уставниот суд кога e сторена повреда, без оглед на политичка, етничка или било која друга припадност. Поддршка добивме од претседателот на државата Стево Пендаровски, а министерот за правда Кренар Лога преку медиумите изјави дека ја поддржува идејата за уставна жалба. Не треба да се пропушти да се каже дека и дел од меѓународните претставници изразија поддршка за воведување на овој правен инструмент. Се надевам дека сите останати чинители во Република Северна Македонија ќе дадат еден сериозен пристап на прашањето за воведување на уставна жалба, рече Кацарска.

Во одговор на новинарско прашање поврзано со времената мерка на Уставниот суд, со која се замрзна исплатата на надополнувањето на основната плата за 30 проценти на вработените во Министерството за финансии и вработените во другите органи на управата, кои денес протестираа пред Уставниот суд, рече дека надополнувањето на плати согласно Законот за буџет основно е дека истите немаат утврдено такво право ниту во закон, ниту во колективен договор.

-Ние секогаш одлучуваме за секој предмет во смисла дали законите се во согласност со Уставот, дали колективните договори и другите пониски акти се во согласност со законите и Уставот. Во конкретниот предмет нарушено е владеењето на правото, една од темелните вредности на нашиот Устав. Таа категорија на вработени коишто добија не додатоци, туку една категорија е спомената надополнување на плати согласно Законот за буџет основно е дека истите немаат утврдено такво право ниту во закон, ниту во колективен договор. Значи, на секој вработен треба да му биде утврдено правото во законот или во колективен договор, а не со Законот за буџет да се надополнува некој износ од плата, рече Кацарска.

Би можело да ве интересира

Уставен не поведе постапка за законските измени за работните часови од Договорот со „Бехтел и Енка“

Катерина Ѓуровски

Апасиев: Ванковска и Левица го оспорија упатството за радиодифузери на АВМУ пред Уставниот суд

Орце Костов

Уставен ја укина одредбата од законот според која на лицата со тешка попреченост над 65 години не добиваа парична помош

Орце Костов

Пендаровски: Уставниот суд уште поактивно да се профилира како заштитник на човековите права и слободи

Kацарска: Волјата на владеењето на правото е посилна од сите системско политички аномалии

Судски совет ги оспори пред Уставен суд законските измени со кои се стопираше зголемувањето на платите на судиите