Кацарска: Mи падна да го оценувам „Рекет“, но поради блискоста со Камчеви, се изземав од постапување

Од:

Судијката Добрила Кацарска во интервју за „Макфакс“ рече дека за неа е неприфатливо да не се изземат судијката и обвинителката што постапуваат во предметот „Империја“, а биле повикани во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за предметот „Рекет“.

Кога кај нејзиниот колега и кај неа паднал за оценка предметот „Рекет“, поради близината со семејството Камчеви, за што таа јавно говореше, побарала да биде изземена од постапување поради пристрасност.

„Предметот падна во работа кај судијата Дарко Тодоровски. Во тој совет за оценка членувам и јас. Истиот момент јас побарав изземање од тој предмет затоа што не сакам да има каков било сомнеж во јавноста. Утре може некој да каже, да, предметот е оценет, даден е на судење, а судијата Кацарска беше дел од советот и оценката ѝ е таква затоа што фамилијата Камчеви се нејзини блиски пријатели. Судијата мора да се повлече кога има и минимален сомнеж во јавноста“, рече Кацарска.

Би можело да ве интересира

Kацарска: Волјата на владеењето на правото е посилна од сите системско политички аномалии

УПОЗ ги повика Кацарска и Бесими да најдат решение за платите за вработените во Финансии

Кацарска: Одржани рекорден број седници и примени 210 иницијативи

Кацарска: Не очекувам предметот за солидарниот данок да биде готов до крајот на годината, дотогаш тој треба да се плаќа

Орце Костов

Кацарска говорник на 60-годишнината од уставното судство на Србија

Катерина Ѓуровски

Кацарска: Не се согласувам со вакви измени на Кривичниот законик