Кабинет на претседателот: Пендаровски нема преземено обврска да преговара со Грција

Од:

Претседателот Стево Пендаровски даде предлог за надминување на проблемот со личните документи и патните исправи. Во однос на комуникацијата со Грција, може да помогне во процесот, но нема преземено обврска во таа смисла, наведуваат од Кабинетот на претседателот на државата по денешната изјава на премиерот Димитар Ковачевски дека „претседателот на државата презеде обврска да се чуе со претседателката на Грција“.

-Како што и претходно информиравме претседателот Стево Пендаровски даде предлог за надминување на проблемот што се појави во однос на замената на личните документи и патни исправи, но таа процедура е во целосна надлежност на Владата и Собранието. Во однос на комуникацијата со Грција, претседателот Пендаровски може да помогне во процесот, но нема преземено обврска во таа смисла, посочуваат од Кабинетот на претседателот на државата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Пендаровски и СДС ги рушат националните позиции, и не можат да се помират со фактот дека Владата гради силни односи со САД

Николовски: Стево троши пензијата, не се брукај, не ја руши позицијата на Македонија

Јаревски: Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи

На Пендаровски ќе му мирува правото на пензија, на 29 пратеници од претходниот состав им е одобрена апанажа

Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцелартија со тројца вработени

Катерина Ѓуровски

Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција