Кабинет на претседател на Собранието: Интерпелацијата за Даути нема правно обврзувачки последици за разрешување

Од:

Откако попладнево со 61 глас „за“ беше прифатена интерпелацијата за работата на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади Илире Даути, од Кабинетот на претседателот на Собранието испратија соопштение во кое се нагласува дека гласањето за интерпелацијата нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство. Именувањата и разрешувањата, велат од Кабинетот, се уредуваат со други посебни процедури утврдени во Деловникот на Собранието, законите и Уставот.

– Собранието на Република Северна Македонија денеска одржа пленарна седница на која се разгледуваше интерпелацијата за работата на пратеничката Илире Даути, претседател на Комисијата за социјална политика, демографија и млади. Седницата се одржа во потполна согласност со Уставот на Република Северна Македонија, Деловникот на Собранието и постоечките закони. Изјавите на одредени медиуми кои велат дека резултатот од гласањето за интерпелација наложува разрешување на г-ѓа Даути се неточни. Нагласуваме дека гласањето за интерпелацијата е израз на пратениците и нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство. Именувањата и разрешувањата се уредуваат со други посебни процедури утврдени во Деловникот на Собранието, законите и Уставот, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Спасовски до Гаши: Мислам дека конечно по шест месеци треба да разберете дека сте избрани за претседател на Собранието

Помина интерпелацијата за Даути во Собранието

СДСМ ја напушти седницата за интерпелациите на неколку министри

Катерина Ѓуровски

Тошковски: Интерпелацијата е дефокус од вистинската борба против криминалот и корупцијата

Пратениците ќе расправаат за интерпелациите за Меџити, Стоилковиќ, Тошковски, Исени и Даути

Меџити за интерпелацијата од ДУИ: Сè уште прават тенденции за дестабилизација само да се спасат од правдата