Како поддршка на напорите за реформи во правосудството во Македонија, донесувањето на новиот закон за ЈО како и борбата против корупцијата од „CreativeAntiCorruption“ поставија неколку фигури на симболот на правдата Јустиција.
Фигурата се најде пред државните институции, меѓу кои пред Министерството за правда и Јавното обвинителство.
„Планот беше фигурите на Јустиција денеска да бидат поставени пред двете најголеми политички партии: пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и пред нивниот сосед, Општинската организација на СДСМ-Центар, кои се во исто маало“, велат од организацијата.
Фигурите на Јустиција се отстранети од сите институции.
„Тоа уште еднаш покажа дека правдата тешко го преживува судирот со македонските институции, но и дека Јустиција не стасува до партиите и политичарите. Граѓаните, како и секогаш, не ја ни видоа“, додаваат од Креативна анти корупција.