Јункер: Задоволни сме од работата на македонската влада

Од:

Напредокот на Македонија во изминатите месеци е завиден, изјави претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер на денешната заедничка прес-конференција со македонскиот премиер Зоран Заев.

– Многу сме задоволни од работата на премиерот Заев досега. Би сакале државата да ја насочиме да продолжи по тој пат. Многу се важни односите со соседите – со Бугарија и со Грција. Очекуваме започнатиот процес на реформи да продолжи во судскиот систем, јавната администрација и во безбедносните служби. Сите држави од Западен Балкан имаат европска перспектива, а следните месеци ќе оцениме како да продолжиме со секоја од нив, нагласи тој.

Според еврокомесарот Јоханес Хан доколку неопходните мерки бидат преземени од страна на македонската влада во следните месеци, ЕУ може да премине кон следната фаза и да даде безусловна препорака за почеток на преговорите за членство.

– Тоа зависи од исполнувањето на ветените реформи. Тоа може да се постигне ако сите во државата поддржат исполнување на тие задачи и обезбедат најширок консензус. Тоа е мојот совет, тоа е национална задача, истакна Хан.

Би можело да ве интересира

Заев – Јункер: Европската комисија ќе ја разгледа можноста за изземање на компаниите од Македонија од анти дампинг мерките

Наум Локоски

Јункер: Еврото да стане глобална трговска валута

Наум Локоски

Јункер: Не вршиме притисок врз Македонија и Грција за решавање на спорот за името

Наум Локоски

Заев во Софија на средба со Јункер и лидерите од Западен Балкан

Ана Ололовска

Отворено писмно на Бачев до Јункер: Заев и Иванов ве излажаа дека Македонија нема алтернатива за ЕУ и НАТО

Наум Локоски

Јункер ја потврди европската иднина на Македонија, побара посветеност на реформите

Наум Локоски