ВИДЕО: „Југохром“ затворена до април, вработените и овој месец ќе земаат 70 отсто од платата

Од:

Сите вработени во „Југохром“ и во месец декември остануваат во редовен работен однос без разлика што фабриката и натаму не работи. Менаџментот на „Југохром“ покажа слух и разбирање за вработените, за регионот кој што гравитира околу фабриката и јас како генерален директор одлучив во корелација со менаџментот, вработените и понатака да останат без исклучок, рече Васко Скендеровски на денешната прес конференција.

Тој најави дека во наредниот месец повторно ќе се разговара со Синдикатот согласно условите кои што ќе бидат и како што кажа искрено се надева дека до тогаш второстепената комисија на Владата ќе донесе позитивна одлука во однос на жалбата која е доставена до нив од страна на „Југохром“.

Скендеровски истакна дека „Југохром“ и покрај тоа што не работи производствено, сепак се гради системот за отпрашување и единствената причина за неисполнувањето на интегрираната дозвола во законскиот рок односно 31 октомври е тоа што градежната дозвола ја добиле на 18 јули оваа година и како што рече тој не е возможно за толку кратко време да се финишираат градежните објекти кои се задолжителни во поглед на одново започнување на фабриката со работа.

Според Скендеровски, фабриката најверојатно ќе биде затворена до крајот на април односно додека не бидат изградени основните објекти за намалување на загадувањето на Тетово и тетовската околина. Фабриката поради исплаќање на платите и запирање на производствениот процес ќе биде во загуба од триста до четиристотини илјади евра на месечно ниво.

Претседателот на Синдикатот на работници во „Југохром“, Бајрам Амити, изјави дека доколку не се најде решение за брзо решавање на овој проблем тие ќе стапат во радикален штрајк.

-Ова решение е краткотрајно, како што помина 11-от така ќе помине и 12-от месец затоа бараме од институциите односно од министерството за животна средина и државниот инспекторат да ги повлечат одлуките за неработење и да донесат друга одлука бидејќи доколку тие не се изјаснат на нашите барања ние ќе продолжиме и понатаму со нашите протести кои ќе ги радикализираме, рече Амити

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Од Југохром најавуваат дека е можно годинава да се догради системот за отпрашување

Ана Ололовска

Отров од Југохром истекува во Вардар, се чека тендер за поправка на пречистителната станица

Жарко Настоски

Заев: Југохром нема да биде ставен во употреба без доизградба на филтрите

Татјана Ташкова

Југохром не може да работи без филтри

Татјана Ташкова

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не мислеше на работниците од Југохром и ги остави без работа

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Арсовски: Година ипол СДСМ, Заев и Анѓушев лажат 1.200 работници на „Југохром“

Ана Ололовска