ЈСП со нов режим на јавен превоз од понеделник

Од:

Автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници од утре продолжуваат да сообраќаат во две смени, односно од пет до девет часот и потоа од 13 до 19 часот.

Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред.

– На пример. Линија 15 (Ново Лисиче-Карпош 4). Согласно саботен возен ред, линијата почнува да сообраќа од 6.40 ч, па се реализираат сите термини до наведениот последен пред 9 часот односно, 7.02 ч, 7.46 ч, 8.08 ч (последен наведен термин во прилогот пред 9 часот), па 12.32 ч (прв наведен термин во прилогот од 13 часот), 12.54 ч, 13.38 ч, 14 ч, 14.22 ч, 15.06 ч, 15.28 ч, 15.50 ч, 16.40 ч, 17.10 ч и 17.54 ч (последен наведен термин во прилогот пред 19 ч),  наведуваат од ЈСП.

Од 7:30 до 17 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел, билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје, во истиот период ќе бидат отворени и центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и Транспортен центар.

Новиот, изменет режим на функционирање на јавниот превоз и работното време на билетарниците и центрите за персонализација, ќе важи во наредниот период, сѐ до новите препораки на надлежните институции, стои во соопштението на ЈСП Скопје.

Би можело да ве интересира

100 нови автобуси за Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски

Дел од автобусите на приградските линии на ЈСП не одат до крајните дестинации

Јавниот превоз ќе се одвива по неделен распоред, со исклучок на 10 линии

Горан Наумовски

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Приватните автобуси од денеска возат по редовен возен ред, ЈСП им улати дел од долгот