ЈСП: Патникот прв ги нападнал контролорите, внатрешната контрола на ЈСП ќе испитува дали и тие имаат вина во инцидентот

Од:

Во врска со фотографиите објавени на социјалните мрежи на кои се гледа како двајца контролори се пресметуваат со патник, од ЈСП Скопје велат дека според изјавите на контролорите, тие биле први нападнати по што морале да интервенираат. Од претпријатието наведуваат дека внатрешна контрола ќе испитува дали и контролорите имаат вина во инцидентот кој се случи попладнево во автобус со број 2, кој сообраќал од Сарај кон Автокоманда.

Веднаш по инцидентот, на терен излезе екипа на Внатрешна контрола на ЈСП, а повикана била и екипа на МВР.

„Според исказот на контролорите, инцидентот се случил откако патник без билет физички го нападнал едниот контролор, по што, се вмешал и другиот контролор. Патникот, според внатрешната контрола, се обидел да избега, но бил приведен од страна на екипа на МВР. И патникот и контролорите дадоа исказ во МВР. Во случајов, и внатрешната контрола на ЈСП Скопје ќе утврди дали евентуално и контролорите имаат вина во инцидентот, односно дали го прекршиле Кодексот на вработените и дали против нив ќе се поведе соодветна дисциплинска постапка“, велат од таму.

ЈСП Скопје потенцира дека не толерира кршење на Кодексот на вработените од страна на било кој вработен (возач, контролор, билетарка, аминистративен работник и слично) и е отворено за жалби, пријави и поплаки од секаков вид кои може да се доставуваат на веб страницата на ЈСП Скопје www.jsp.com.mk или во инбокс на www.facebook.com/jspskopjee , со точно наведени податоци за настанот (ден, време, линија, гаражен број на возило и слично), за да внатрешната контрола или друга соодветна служба го испита случајот и против вработениот, доколку се утврди вина, презеде соодветна дисциплинска мерка.

Би можело да ве интересира

Скандал во Чегране: полицајци манипулирале со документација

Катерина Ѓуровски

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски

Бизарен случај во кочанско: ја излажале дека и е направена магија, и зеле накит и пари

Починат скопјанец пронајден пред поликлиниката Ченто

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје