А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЈСП ќе вози бесплатно и до Македонско село за викенд и за празници

by А1он31/05/2018 - 09:48552
Share0

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје од претстојниот викенд воведува бесплатен превоз на патници и на автобуската линија број 28 од Транспортен Центар до Македонско село. Од претпријатието велат дека превозот ќе биде бесплатен со цел промовирање на градските историско-културни знаменитости.Бесплатниот превоз ќе важи за деновите од викендот односно сабота и недела и во денови на државен празник.

Добивај вести на вибер

Истовремено, донесена е одлука автобуските линии со број 25А Автомакедонија – Средно Водно и број 25Б Дом на печат – Средно Водно да станат дел од редовниот линиски превоз, покрај линијата 25 чија почетна станица е Транспортен центар, а оди до Средно Водно, која е веќе редовна автобуска линија. Во изминатиов период 25А и 25Б функционираа како пробни линии. Превозот на овие линии како и досега ќе биде бесплатен за време на викенди и државни празници.

Возниот ред на линиите е објавен на веб-страницата на претпријатието www.jsp.com.mk. „Потребата за воведување на бесплатен превоз на претходно посочените линии е инициран од Град Скопје, по предлог на голем број на граѓани, пред се од еколошки аспект и ставање во контролирано и регулирано движење до Средно Водно и подрачјето на Нерези – Македонско село“, велат од ЈСП.

Очекуваат со бесплатниот превоз да ги поттикнат граѓаните да ги остават возилата и да ги користат услугите на ЈСП со што ќе придонесат за зачувување на природните убавини кои ги има планината Водно и подрачјето на Нерези.

jspjsp skopje

Би можело да ве интересира

Приватните автобуси од денеска возат по редовен возен ред, ЈСП им улати дел од долгот

Катерина Ѓуровски07/10/2025 - 08:34

Приватните автобуси од утре ќе возат по редовен возен ред, ЈСП уплати дел од долгот

А1он06/10/2025 - 19:17

ЈСП има нафта уште за денеска

Катерина Ѓуровски23/09/2025 - 10:00

Автобусите на ЈСП денеска возат по неделен возен ред

Горан Наумовски08/09/2025 - 08:5408/09/2025 - 09:27

Тешко повреден маж од Скопје, паднал во автобус на ЈСП

Горан Наумовски03/09/2025 - 14:24

ЈСП-Скопје тврди: Жичницата на Водно е безбедна, во моментот се врши сервис

Горан Наумовски18/08/2025 - 07:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен