ЈП „Стипион 2011“ ќе ги награди вработените што работеа на отпуштање на дузлачкото „езеро“?

Од:

Без расправа, само со кревање два прста, советниците од коалицијата „За подобра Македонија“, кои се мнозинство во Советот на општина Штип, ја изгласаа одлуката за доделување финансиски средства на ЈП „Стипион 2011“ од Штип за надомест на потрошените средства што јавното претпријатие ги имало околу отпуштањето на бетонскиот цеваст што се наоѓа помеѓу населбите Сењак и Дузлак, кој се запуши по невремето што го зафати Штип кон крајот на февруари.

Имајќи предвид дека јавното претпријатие е задолжено за уредување на градежното земјиште и одржување на локални патишта и улици во Штип, она што фрла сомнеж врз оправданоста на одлука е фактот што во финансискиот извештај со кој се поткрепува барањето на ЈП„Стипион 2011“ е содржи ставка од 163.000 денари за работен ангажман на 6 лица што се во редовен работен однос во ова претпријатие.

DSC08964

На прашањето поставено на 6-та седница на Советот на општина Штип од страна на советничката група на СДСМ, „зошто на работниците дополнително им се исплаќа дневници кога не станува збор за прекувремена работа“, директорот на ЈП „Стипион 2011“, Тони Јовев одговори:

DSC08958

„163.000 денари се потрошени за исплата на работниците што беа ангажирани околу отпушувањето на каналот, бидејќи ваквата активност не е предвидена со годишната програма на претпријатието. Наместо да работат на санација и реконструкција на други канали, кои се предвидени во годишната програма, тие мораа да работат токму на овој канал“.

14.04.2013 (1)

Ако се има предвид дека на отпушувањето на каналот работеа и дел од вработените во Територијалната противпожарна единица во Штип, во чија што надлежност не се ваквите активности, се поставува прашањето дали и колку тие би побарале за ваквиот работен ангажман.

finans

Вештачкото езеро што се создаде поради запушувањето на бетонскиот цеваст се наоѓаше во непосредна близина на ОУ „Тошо Арсов“ во Штип, поради што беше загрозена безбедноста и здравјето на граѓаните, па затоа мора да се има предвид дека неговата санација би требала да биде пред годишната програма на јавното претпријатие.

Каде реално ќе завршат овие средства останува отворено прашање.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски