ФОТО: ЈП ПОЦ во нови простории

Од:

Јавното претрпијатие „Паркизни на општина Центар“ се всели во нови простории.

p (1)

Како што денеска рече директорот на ЈП ПОЦ, Саша Богдановиќ, ова не се обични канцеларии, туку простории каде што се креира политиката за добробит на граѓаните.

p6 (1)

Пред две години, посочи Богдановиќ, си зададовме 2 приоритети: да го направиме претпријатието стабилно, кое само си ги сервисира обврските и да воведеме нови поволности за центарци.

p2 (1)

„Од претпријатие со проблеми и долгови, сега ЈП ПОЦ е на стабилни и здрави нозе. Жителите на Центар, веднаш по локалните избори добија бесплатен паркинг и заедно со Советот на општината и со градоначалникот воведовме картичка за грижа на трети лица, новинарски карти за паркинг, резидентни паркиралишта, со што се среди хаосот низ паркинзите, а гостинските часови ги зголемивме од 30 на 90“, рече директорот Богдановиќ.

p5 (1)

Тој посочи дека фирмата е стабилизирана, вратен е долгот за комунална такса кон општина Центар, граѓаните од Соборен Храм добија олеснувања за паркинг местата и сега ЈП ПОЦ е финансиер на најтрофејниот кошаркарски клуб – Работнички.

Богдановиќ најави и нови проекти за подобри услуги за граѓаните.

p4 (1)

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, посочи дека претпријатието пред локалните избори во 2013-та беше синоним за некој што работи со загуба.

Имало дури и идеја истото да се спои со паркинзите на Град Скопје. ЈП ПОЦ во тој период можел единствено да опстојува само ако бил финансирани од општината.

POC (1)

„Смело влеговме во обврската и предизвикот да го средиме ова единствено јавно претпријатие во општина Центар. Деновие, често слушам дека “има разлика“. И точно е дека има. Претпријатие кое наплатуваше паркинг и имаше долгови, сега со бесплатен паркинг работи подобро“, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

p1 (1)

Тој, исто така, упати честитки за одличниот менаџерски резултат на директорот Богдановиќ и неговиот тим.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Со директорите на училиштата и градинките договоривме конкретни мерки, дератизација, дезинсекција и дезинфекција на сите училишни објекти

Герасимовски: Овој ден е важен, затоа што со секој глас се гради демократијата и иднината на Општина Центар

Горан Наумовски

(ИНТЕРВЈУ) Мирослав Лабудовиќ: Целосна реконструкција на улиците во Центар за ослободување на просторот од хаосот

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Платено практикантство, обуки и субвенции, поддршка за професионален развој и економска независност на младите

Новотни: Доста е од бетон и чад — Центарот мора да стане место каде што децата слободно дишат

Марковски: Скопје мора да дише слободно