ЈП ПОЦ: Пазарџиите протестираат за да продолжат со злоупотребите кои ги вршат секојдневно

Од:

Во изминатите неколку дена пазарџиите од „Зелен Пазар“ протестираат, бидејќи им беа скратени сите злоупотреби кои ги извршуваа секојдневно на паркиралиштето „Аутомакедонија“, велат од ЈП Паркинзи на Општина Центар.

– Поголем дел од товарните возила на фотографиите се користат за мобилна продажба, а останатиот дел ги злоупотребуваат добиените повластени паркинг карти за вработени во деловен субјект кои служат за паркирање на автомобили, а не за товарни возила. Пазарџиите на крајот на работното време пред напуштање на паркиралиштето користат железни колички за пазарење кои сензорот ги препознава како возила и системот за нив автоматски печати билет. На тој начин тие наместо да платат за цел ден паркирање, тие плаќаат само за еден час, се наведува во соопштението.

Од ЈП ПОЦ и Општина Центар најавуваат дека ќе воведат ред на ова паркиралиште и на жителите ќе им овозможат услови за похумано живеење.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар