ЈП „Национални шуми“: Нема сеча на шума кај водопадот во Длабочица, МВР ќе утврди кој и зошто ангажирал градежна машина

Од:

Нема сеча на шума кај водопадот во Длабочица, МВР ќе утврди кој и зошто ангажирал градежна машина, соопшти денеска ЈП „Национални шуми“.

Претрпијатието во демант испратен до медиумите информира дека Државниот инспекторат за шумарство и ловство, како и вработени во ПШС „Куманово” по вчерашна пријава на случајот, извршиле увид на терен при што констатирале дека е работено со градежна машина само на крак кај водопадот и во водотекот.

-Градежната машина со која е работено не е во сопственост на ЈП „Национални шуми“, а кој ја ангажирал и зошто ја ангажирал оваа градежна машина ќе утврдат надлежните институции од МВР, наведува ЈП „Национални шуми“.

Освен што демантира дека има каква било сеча на овој потег, ЈП „Национални шуми“ нагласува и дека Подрачното шумско стопанство (ПШС) „Куманово“ се уште нема почнато со активности на терен, ниту врши реконструкција на патишта.

-Љубителите на планината (планинари) деновиве, имаат доставено информации и фотографии до некои локални медиуми тврдејќи дека ЈП„Национални шуми“ работат на терен и се уништува природното богатство. ЈП „Национални шуми“ демантира дека има сеча на шума во близина на водопадот во Длабочица, Старо Нагоричане. ПШС „Куманово”-Куманово информира дека во ШСЕ Козјак,според Посебниот план за стопанисување со шуми и согласно Програмата за работа за 2020 година е предвидена пребирна сеча и е извршена ознака за сеча во одделот 6а, во високостеблен буков насад кој се наоѓа во близина на водопадот Длабочица на оддалеченост од два километра, пред водопадот. Во 2020 година, ПШС “Куманово”-Куманово информира дека нема почнато со активности на терен во поглед на сеча на дрвна маса или реконструкција на веќе постоечките патишта во тој потег, стои во демантот.

ЈП „Национални шуми“ ги отфрла и остро ги осудува и обвинувањата за наводно нееколошко однесување. Тврди дека работи строго според принципите на одржливо стопанисување со шумите.

-Општокорисните функции како економската, социјалната и еколошката функција на шумите се од огромно значење за одржливиот развој на општеството и за подобрување на квалитетот на животот, особено во руралните и планински подрачја и претставуваат основа на работењето на ЈП Национални шуми, посочува ЈП „Национални шуми“ во демантот.

Би можело да ве интересира

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Од денеска укината делумната забрана за движење во шуми

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

САД продолжуваат со работата за еколошки и дипломатски решенија за поздрава планета

А1он

Бугарија и Албанија почнаа примена на договорот за еколошка соработка

А1он

Еколошки активисти блокираа четири моста во Лондон

А1он