ЈП „Македонски шуми“: Има доволни количини дрва за огрев за Куманово, Липково и Старо Нагоричане

Од:

Дрва за огрев има во доволни количини за да ги задоволи потребите на граѓаните од трите општини Куманово, Липково и Старо Нагоричане, информираат од кумановската подружница на Јавното претпријатие „Македонски шуми“.

Пред стартот на грејната сезона, информираат од ЈП „Македонски шуми“, расте интересот на граѓаните за снабдување со огревни дрва.

– Граѓаните кои се уште не се снадбени со дрва имаат можност да одберат квалитетно огревно дрво бука по цена од 2.371 денар за метар просторен, вели директорот на кумановската подружница, Ваит Саити, додавајќи дека цената во подружницата е пониска во однос на пазарната цена на дрвата во приватните складишта.

Од кумановската подружница информираат дека и годинава ќе продолжат со склучување договори со синдикални организации за купување огревни дрва.

Би можело да ве интересира

Михаилов: Досега штетата од пожарите изнесува четири милиони евра

А1он

Од 1 јули целосна забрана за движење во шуми

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Кривична пријава за нелегална сеча, штета од над два милиони денари

Уапсени 15 лица: Вработени во МВР, ЈП Национални шуми, Министерството за земјоделие

Предраг Петровиќ

Полициска акција против „Шумската мафија“ во Берово, Пехчево и во Делчево