ЈП „Комунална хигиена“: Собрани 140.809 тони комунален отпад во 2018 година

Од:

Вкупно 140.809 тони комунален отпад биле собрани и транспортирани во изминатите 12 месеци, што претставува зголемување за 2.612 тони или 1,74 проценти во однос на минатата година, информираат од Јавното претпријатие „Комунална хигиена“.

Годинава биле заменети и 490 дотраени контејнери на 140 микро локации во сите скопски општини, а извршено е и перење и дезинфекција на сите поставени контејнери во градот, како и на нивните микро локации.

– За подобрување на квалитетот на давањето на услуги, како и за зголемување на контролата на работата на претпријатието, изминатава година поставени се ГПС-уреди во специјалните возила за собирање на смет, со што се следи трасата на движење на возилата. Оваа мерка придонесе за намалување на просечната потрошувачка на гориво по тура за 0,94 литри или за 4,23 проценти во однос на 2017 година, информираат од Град Скопје. .

ЈП „Комунална хигиена“, во акција за чистење на дивите депонии, годинава подигна и расчисти 5.144 кубни метри отпад, што претставува зголемување од 516 проценти во однос на истиот период минатата година.

– Од аспект на хуманиот третман на уличните кучиња, во текот на 2018 година Службата за хуман третман и контрола залови 1.182 бездомни кучиња од скопските улици што се транспортирани во стационарот „Вардариште“ кои имаат добиено соодветен медицински третман што опфаќа прочистување од внатрешни и надворешни паразити, вакцинирање од беснило и стерилизација. Покрај заловувањето и третманот на кучињата, во текот на 2018 година беа организира поголем број на акции за вдомување на кучиња, при што од страна на граѓаните се вдомени 147 кучиња. Во делот на инвестициони вложувања е набавено и едно специјално возило наменето за заловување и транспорт на бездомните кучиња од скопските улици, се наведува во соопштението од Град Скопје.

Во тековната 2018 година, информираат од Град Скопје, е евидентиран и позитивен финансиски резултат и поголема добивка во работењето од четири милиони денари во однос на минатата година.

Би можело да ве интересира

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Тешко повреден е работник на „Комунална хигиена Скопје“

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он

Сообраќајка во Скопје, тешко повреден пешак