ЈП „Комунална хигиена“: Граѓаните својот кабаст отпад може да го носат во Центрите за селекција на отпад во Карпош и Вардариште

Од:

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје информира дека граѓаните својот кабаст отпад, во којшто спаѓа стариот мебел, електронските и електричните апарати, може да го донесат во Центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште, секој ден во неделата, во терминот од 07 до 19 часот, без плаќање на паричен надоместок.

Доколку граѓаните имаат потреба за користење на возилата за транспорт на „Комунална хигиена“, оваа услуга може да ја побараат на бесплатниот телефонски број 0800 222 33.

„Уште еднаш сакаме да ве потсетиме дека кабастиот отпад не смее да се одлага ниту на јавни површини, ниту во садовите за отпад. Секое исфрлање на отпад на јавни површини претставува кршење на Законот за јавна чистота и директно ја загадува околината“, велат од „Комунална хигиена“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он