(ВИДЕО) Joвески: На судии како оние кои го ослободија Латас, не им е местото во правосудството

Од:

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на судиите и обвинителите, особено по последната одлука на скопскиот Кривичен суд, кој го ослободи од обвинение новинарот Драган Павловиќ Латас.

„Видовте што стана со последната одлука во делот на противправното градење, како судиујата ја толкува таа одредба. На такви судии не им е место во правосудството и Судскиот совет ќе треба во соодветна постпака да го испита тој дел“, рече Јовески на прес-конференција пред јавноста.

Државниот јавен обвинител рече дека судската пракса во тој дел е јасна, дека не се се бараат записници од инспектори за некој да биде ослобден од обвинение.

„Довлно е лицето да почне да гради без одобрение за градење“, рече Јовески.

Јовески реќе дека поддржува процес во кој во рамките на Обвинителството останат чесните и тие со интегритет.

Кривичниот суд го ослободи новинарот Драган Павловиќ Латас од обвинението во предметот „Тревник“ за бесправна градба на викендичките во Зелениково.

Би можело да ве интересира

Падна и последниот осомничен во предметот „Планина“

А1он

Предложен е притвор за осомничените криумчари на луксузни автомобили

А1он

ОЈО: За осомничениот во „Адитив“ нема известување од Судот дека е недостапен

А1он

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за изјавата на Мицкоски дека бил следен

А1он

Коцевски најави повеќе сложени предмети и од областа на финансискиот криминал

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да не чека, веднаш да постапи по Извештајот на ДЗР

Горан Наумовски