Јовановски: Паркови и 30.000 нови садници во општина Центар

Од:

Сакам да зборувам од името на секој центарец, сакам чист воздух, сакам паркови, сакам зеленило, истакна денес кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Центар, Дејан Јовановски.

„Сакам чиста животна средина, сакам да ги гледам моите деца како го поминуваат своето детство во чиста околина. Го бараме вашиот глас, ја бараме вашата доверба за да можеме во следниот период да засадиме 30.000 нови садници на територијата на општина Центар, да ги зазелениме бетонските недостапни површини. Сакаме да направиме зеленило и оаза во секој дел од нашата општина. Ќе направиме нови паркови, ќе ги одржуваме истите, а ќе направиме реконструкција на постоечките“, истакна тој.

Јовановски порача дека Центар е срцето на Скопје и побара доверба за да го направи Центар зелен.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ