Јовановски на трибината „Агенда 20-24: Во Преспа Центар за дијалог и развој на европските вредности

Од:

На трибината Агенда 20-24, организирана од СДСМ, посветена на развојот на преспанскиот регион, новинарот Борјан Јовановски како преспанец по потекло ја презентираше идејата за изградба на Центар за дијалог и развој на европски ведности.

Целта на овој Центар е да ги собере младите луѓе од Северна Македонија, Албанија и Грција на едно место кадешто би се одржувале спортски натпревари, но и место кадешто експертите и невладините организации од трите земји ќе можат да одржуваат перманентни конференции за заштита на Преспанското Езеро и за европските вредности.

„Колку повеќе се шири идејата за изградба на овој Центар, толку повеќе луѓе се приклучуваат да придонесат за нејзина реализација. Преспа да биде место коешто ќе биде центарот на граѓанскиот активизам и на невладините организации”, рече Јовановски.

На трибината Јовановски покажа нацрт од идејното решение за изградба на Центарот коешто го подготвиле млади архитекти. Центарот е замислено да биде на Маркова нога над плажата “Дупени бич”. Центарот има главен централен објект каде ќе се одржуваат конференции, семинари, а ќе има ресторан со локална преспанска кујна, ќе има спортски игралишта.

„Треба да има градина како експериментална база за производство на органска храна, којашто потоа ќе се продава на пазарот”, рече Јовановски.

Во склоп на Центарот предвиден се куќички изградени во постмодерна архитектура, но со задржан локален изглед, со сместувачки капацитет од над 50 луѓе.

„Преспа е културолошки – духовен центар и тој може да прерасне во регионален, па и европски. На ова место се вкрстувале култури и овие луѓе оддолеале на сите можни провокации, затоа Преспа е симбол на мир. Во ново време тука може да се вкрстуваат идеите и бизнисите на трите држави. Преспанскиот регион може да биде центар на граѓански активизам и соработка. Во оваа нова политичка констелација, очекувам Преспа да заживее како посебен ентитет”, рече Јовановски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски