(ВИДЕО) Јовановски: Ќе се разликувам од Жерновски, урбанистичкиот хаос во Центар ќе биде стопиран

Од:

Доколку бидам избран за градоначалник на општина Центар во првите 100 дена ќе ги стопирам издавањата на решенијата за градба со цел да запре урбанистичкиот хаос во општината, ќе водам позитивна кампања и ќе се разликувам од другите, а особено од актуелниот градоначалник Андреј Жерновски, изјави на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Центар, Дејан Јовановски.

Тој најави дека програмата ќе ја презентира во наредните денови додека трае кампањата, проект по проект.

– Проектите се подготвени во соработка со граѓаните, ги слушавме нивните забелешки и идеи, ќе внимаваме на зеленилото и ќе работиме на сообраќајните решенија за намалување на сообраќајниот хаос, рече Јовановски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Гаши: Локалните избори ќе се распишат во првата половина од август

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Мицкоски: Резултатите на локалните избори ќе покажат чија политичка реторика е исправна

Гаши локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

СДСМ во Струмица за градоначалник го предлага Марјан Даскаловски – Костадинов не е дел од трката за локалните

А1он