Јовановска: На Гинекологија не умираат доносени, туку предвремено родени бебиња

Од:

Клиниката за гинекологија тврди дека нема смртност на доносени деца, туку само на предвремено родени, од 22 до 36 гестациска недела.

Како што беше речено на денешниот брифинг со новинарите, граѓаните тоа треба да го знаат и еднаш засекогаш да се разбие стравот, посебно кај младите мајки, дека во оваа болница се умира.

Според директорката на Клиниката Викторија Јовановска, во првото тримесечје од годинава починале 35 бебиња од кои 10 родени меѓу 22 и 25 недела или во петиот месец од бременоста на мајката.

– Станува збор за екстремно незрели плодови за кои постои етичка дилема дали воопшто да се анимираат. Нивните органи (бубрези, црн дроб, крвен систем, мозок) се незрели, а немаат и никаква одбрана од инфекции, напомена Јовановска.

Успех со вакви бебиња, потенцира, нема ниту една земја во светот.

Примариус д-р Љиља Којиќ објасни дека, согласно американските искуства преживувањето на бебиња од 25 недела нагоре е 75 проценти, но оние стари до 24 недела воопшто не се третираат, ниту за нив се прашани родителите во врска со евентуално реанимирање.

– Кај нас нема законска можност за тоа, односно се што е живо мора да се анимира и со него да се постапува како да е плод од 40 гестациски недели иако бебињата под 24 недела немаат никакви адаптациски способности за надворешната средина, ниту постои инкубатор што може да ги одржи во живот, подвлече Којиќ.

Од 1990 година до ноември 2017 на Детската клиника преживеале само четири бебиња стари 25 недели и длабоко навлезени во 26 недела.

– Секогаш се обидуваме и правиме се што можеме за да преживее и помало бебе, но не сме успеале со оние под 25 недела, истакна Којиќ.

Според д-р Горан Кочовски, инфекциите се најчести причини за предвремено породување. Статистиката во светски рамки покажува дека број еден ризици се зголемениот крвен притисок, како и вродените аномалии на матката кај мајките.

Од Гинекологија информираа дека се изготвува Клиничко упатство за рано откривање на ризична бременост, но со упатството нема да бидат опфатени предвремените породувања.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Ирена Алексиоска Папестиев нова директорка на ГАК

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата