Јован Јаулески – нов претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашната седница за претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ го избра Јован Јаулески. Меѓу другите кадровски решенија кои беа утврдени, за советник за меѓународна политика на претседателот Христијан Мицкоски е избран Стефан Андоновски, додека за советник за меѓусоседска политика е избран Тони Димитриевски.

ИК изврши избор и на претседатели и членови на Комисијата за правни работи, политички систем и антикорупција и Комисијата за информатичко општество, телекомуникации и аудиовизуелни услуги.

ИК за претседател на РИШ за пресtојните избори го потврди изборот на Игор Јанушев, генерален секретар на партијата.

На седницата на ИК беше дискутирано и за подготовките за конвенцијата за избор на кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, која ќе се одржи во Струга на 16 февруари.

Дополнително ИК дискутираше и за актуелната политичко-економска ситуација во државата и хаосот кој го предизвика власта, констатирајќи дека најбрз и најефективен излез се само предвремени парламентарни избори, кои е потребно да се одржат заедно со претседателските.

ИК заклучи дека Македонија не смее да продолжи да губи и тоне поради неспособноста на власта, која ги распродава националните интереси на сметка на ситни партиски поени.

Кратењето на пензиите, ударот врз пазарџиите, поскапувањето на здравствените услуги, хаосот со епидемијата на морбили, од една страна и зголемувањето на платите на вицепремиерите и вработувањето на блиски роднини во државните компании се најдобар доказ за аздисаноста на власта и нивниот единствен интерес за лично богатење“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски