Јотова: Бугарија ја поддржува Македонија да стане полноправна членка и во ЕУ и во НАТО

Од:

Потпретседателката на Република Бугарија, Илиана Малинова Јотова, пред нејзината утрешна посета на Република Македонија изјави дека Бугарија отсекогаш го прифаќала, го бранела и гарантирала правото на Република Македонија да стане полноправна членка и во ЕУ и во НАТО.

Таа додаде дека Бугарија е првата држава што ја призна Македонија во 1992 година и сега е точно време за да се видат кои се заедничките проекти кои може да се направат заедно за младите луѓе да останат во Бугарија и во Македонија.

Јотова рече дека нејзината посета на Македонија има работен карактер и додаде дека ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и со претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.

– Во нашата земја има многу убава поговорка-Железото се кове додека е жешко. Само пред неколку месеци од двете страни беа демонстрирани нов тип на односи. Овие односи не треба да се оставаат исклучиво врз основа на документот на договорите и потпишаните договори. Ние знаеме дека Договорот за добрососедство и соработка се очекува да биде ратификуван со Република Македонија, појасни Јотова.

Таа нагласи дека најважно е да има развој на билатералните односи за што треба да се користи секоја прилика.

– Ништо не пречи да се прошират и граничните премини меѓу двете држави, да бидат навистина современи и европски, така треба за една земја која веќе десет години е членка на ЕУ, а другата се упатиле натаму. Ако ги средиме овие инфраструктурни проблеми, инвестициите и заедничките проекти ќе бидат олеснети во голема мера и секако ќе бидат реалност, истакна Јотова, која додаде дека ова е прво и задолжително нешто од кое треба да се почне.

– Моето искуство веќе една година покажува дека бугарските компании и бугарски заедници ги има во различни земји на Европа, во блиски и далечни земји и се природен мост меѓу двете држави. Токму со компаниите најдобро се прави размена на добри идеи и се спроведуваат заеднички проекти, изјави Илијана Јотова.

Јотова напомена дека внимателно го следи секој чекор на Бугарската православна црква и кажа дека другите власти во државата не треба да се мешаат во црковните работи.

Би можело да ве интересира

Претседателот предложи, а бугарскиот парламент го одби референдумот за еврото

А1он

Земјотрес во Бугарија

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани