Јосевски: Нашите плати не се зголемија за пет отсто

Од:

Синдикалната организација Правосудство во Основниот кривичен суд Скопје искажува незадоволство од пресметувањето и исплатата на септемвриската плата на државните и судските службеници, бидејќи, како што велат, покачувањето на вредноста на бодот го поистоветуваат со покачување на платата од пет отсто.

– Синдикатот искажува незадоволство од начинот на пресметување и исплата на септемвриската плата на државните и судските службеници, од причина што износот на септемвриската плата е поголем само со пресметување на зголемената вредност на бодот, вели Драган Јосевски, претседателот на Синдикалната организација Правосудство во Основниот кривичен суд Скопје.

Имено, како што потсетува тој, со Одлука на Владата од 10.01.2019 година објавена во Службен весник беше изгласано вредноста на бодот од 76,8 да се покачи на 77,24 сметано од 01.01.2019 година до 31.08.2019 година, а сметано од 01.09.2019 година до 31.12.2019 година на 81,10. Што значи септемвриската плата треба да биде со бод во вредност од 81,10.

– На 4 октомври годинава Собранието изгласа Закон за измена на Законот за платата, кој го објави во Службен весник истиот ден. Со Законот платата се зголемува за пет отсто сметано од септември 2019 година, но, нашите плати не се зголемија за пет отсто. Дали Законот за покачување на платите од пет отсто важи за државните и судските службеници, вели Јосевски.

Би можело да ве интересира

Кашиковски: Има пари за августовската плата за вработените на „Флораком“ и „Луна“

СДСМ: Три месеци по ред се намалува просечната плата – стандардот на граѓаните опаѓа

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа