ОЈО: Поранешни функционери на МВР под истрага за изборни нергуларности

Од:

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција спроведува предистражни постапки за утврдување постоење основи на сомневање за организирано извршени кривични дела против изборите и злоупотреби на службени овластувања во вршење на функцијата од страна на поранешни високи функционери на МВР и други физички лица и правни лица од Скопје, Куманово и Струмица.

Како што соопштуваат од ЈОРМ, делата за кои се водат постапките се вршени во текот на 2014 и 2016 година.

– Постојат основи на сомнение дека лицата вршеле влијание врз начинот на гласањето преку различни форми за време на изборите, со што ги сториле кривичните дела, појаснуваат од ЈОРМ.

Во насока на целосно утврдување на фактичката состојба, како што стои во соопштението, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презема дејствија на вршење проверки и прибавување на потребни известувања, податоци и докази.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага