ЈОРМ: Поднесено обвиниени против седум лица за учество во странска војска и паравоени формации

Од:

Обвинителен акт за учество во странска војска, паравоени или параполициски формации против седум македонски државјани, поднесе Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по спроведена истражна постапка.

– Обвинетите како странски терористички борци активно учествувале во војните во Сирија и Ирак. Со намера да станат учесници во паравоените формации ја напуштале територијата на Република Македонија и заминувале за Сирија каде се обучувале и учествувале како борци на ИСИС. Освен што учествувале во паравоените формации надвор од Република Македонија, обвинетите обезбедувале, собирале финансиски и материјални средства за лица кои учествуваат во овие формации, користејќи ги социјалните мрежи и друг вид комуникација повикувале, врбувале и поттикнувале други лица да учествуваат во паравоени формации надвор од Република Македонија. Обвинетиот на кој му се ставаат на товар две кривични дела – Учество во странска војска, паравоени или параполициски формации и Терористичка организација бил припадник и на терористичката организација „Исламска држава“, се наведува во соопштението од ЈОРМ.

На лицата им се става на товар дека сториле кривично дело – Учество во странска војска, паравоени или параполициски формации, предвидено и казниво по член 322-а став 3, а едно лице се терети и за сторено кривично дело Терористичка организација по член 394-а став 2 од Кривичниот законик.

– Петмина од обвинетите се дел од истражни постапки во рамките на претходни акции познати во јавноста како Ќелија 1 (август 2015) и Ќелија 2 (јули 2016), но беа недостапни на органите на прогонот и за нив беа активни национални и меѓународни потерници. Во август годинава обвинетите се предадени на македонските органи на прогонот откако беа лишени од слобода во соработка со партнерите од Глобалната коалиција за борба против тероризмот и Сириските Демократски Сили. Ценејќи дека сѐ уште постојат законските основи поради кои на обвинетите им беше определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител заедно со Обвинителниот акт достави и предлог за продолжување на притворот за обвинетите, информираат од ЈОРМ.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

Предраг Петровиќ

Власта ги прелажа вработените во обвинителствата, предложен е закон кој не е по мерка на јавнообвинителска служба

Горан Наумовски

Наташа Крстева Цалева останува вршител на функцијата Виш јавен обвинител во Скопје

Обвинителството бара притвор за Богоев и за тројцата вмешани во аферата „Царина“

Горан Наумовски

Обвинителство: Возач под дејство на дрога предизвика сообраќајка кај „Пластичарска улица“

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор