Јонузи: Вработени во затворот „Идризово“ завршија на Токсикологија по пожарот во женското одделение

Од:

Четворица вработени во затворот „Идризово“ се пренесени на Универзитетската клиника за токсикологија како последица од пожарот што вчера избувнал во женското одделение од затворот, потврди за МИА заменик-директорот на затворот Феми Јонузи.

Јонузи за МИА вели дека според информациите што ги има, пожарот бил подметнат од затворенички кои запалиле постелнини и душеци. Здравствената состојба на четворицата вработени, како што изјави, е стабилна.

Од Министерството за внатрешни работи за МИА потврдија дека вчера имало пожар во затворот.

-На 21.05.2024 во 19:55 часот во СВР Скопје од Казнено- поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во затворениот дел од женското одделение настанал пожар во една од просториите. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Увид бил извршен, велат од МВР

Би можело да ве интересира

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

23-годишен осуденик од „Идризово“ почина во Клиничкиот центар во Скопје

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници