Јолевски во Белград на регионална конференција за учеството во мировни мисии на ООН

Од:

Министерот за одбрана Зоран Јолевски утре ќе учествува и ќе се обрати на дводневната конференција за Зголемено учество на земјите од Западниот Балкан во мировните мисии на Обединетите нации, што се одржува во Белград.

Министерството за одбрана соопшти дека на конференцијата учество ќе земат над 120 високи претставници на земјите од Западниот Балкан, односно на Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора, земјите пертнери, меѓу кои и САД, Германија, Франција, Норвешка, Кина, Русија и меѓународните организации, како Обединетите Нации, Европската унија и НАТО-алијансата. Како претставник на Обединетите нации ќе присуствува и раководителот на Одделот за мировни операции на ООН, Херве Ладсу.

Тркалезната маса која е во организација на Одделот за мировни операции на Обединетите нации, Интернационалниот мировен институт, во соработка со Република Србија и Канцеларијата на ООН во Белград има за цел да ги собере претставниците на земјите од Западниот Балкан и официјалните лица на ОН и партнерите, за развивање дискусија за идниот придонес на земјите од регионот во мировните мисии на Обединетите нации. 

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мисајловски најави забрзана модернизација на одбраната во 2026 година

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски