Јолевски: Македонија со поддршка на иницијативите за зачувување на мирот и стабилноста во регионот

Од:

Во организација на Маршал Центарот на Република Македонија, а под покровителство на НАТО Секторот за јавна дипломатија и Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал“, денеска во Охрид започна тридневниот форум на тема „НАТО Самитот во Велс: Иднината на алијансата и регионалната стабилност на Западен Балкан”.

Најдобриот начин за заеднички придонес, како за регионалниот така и за светскиот мир и безбедност, е размената на мислења и дискусиите за глобалните и регионалните предизвици, токму на ваков тип на форуми, рече министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, кој го отвори форумот.

Министерот Јолевски во обраќањето нагласи дека Република Македонија останува посветена на споделување на заедничките вредности на Алијансата и во иднина и силно ќе ги поддржува сите иницијативи кои ќе придонесат за зачувување на мирот и стабилноста во регионот и пошироко.

На отворањето на форумот обраќање имаа и претседателот на Маршал центарот во Република Македонија, проф. д-р Стојан Славески и Дин Двиганс, директор на Алумни програмата на Европспкиот центар за безбедносни студии, „Џорџ Маршал“.

На оваа работилницата учествуваат, триесетина експерти од државите од регионот, меѓу кои универзитетски професори, политичари, претставници од НАТО канцеларијата за врски и од дипломатскиот кор на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година

Москва предлага пакт со НАТО

Авиони на НАТО двапати се обидоа да соборат беспилотно летало над Литванија, но не успеаја

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници